Македонски граѓани го пробија системот за вакцинација и одат да се вакцинираат против Ковид во соседна Србија. Покрај лекари кои примиле вакцина таму и обични граѓани успеваат да аплицираат преку порталот Е-Управа на Институтот за јавно здравје„ Др. Милан Јовановиќ Батут“.




За да се увериме во тоа, 24 ТВ преку свој вработен аплицираше за вакцина во Врање и по неколку обиди успешно помина на прашалникот и за кратко време барањето му е одбрено.
„Ве известуваме дека покажавте дека успешно покажавте интерес за вакцинација против Ковид-19“, се вели во одговорот од порталот Е-Управа кој стигна за кратко време.




Од Институтот за јавно здравје го известија дека ќе добие СМС порака за терминот за вакцинација.
Вчера пак, вакцина против Ковид прими Голубинка Бошевска микробиолог и началник на лабораторија за вирусологија во Институот за јавно здравје, која сега работи во СЗО во делот за лабораториите во регионот. Таа вчера објави фотографија над која напиша.
„Вакцинација со вакцина против Ковид-19, за моето здравје, за здравјето на моето семејство и сите познати и непознати.“




За 24 тв Бошевска потврди дека се вакцинирала со кинеската вакцина Синофарм. Директорот на Малмед Лирим Шабани во вчера 24 анализа изјави дека преговараат за кинеските вакцини и дека очекува тие многу брзо да стигнат во државата. Во меѓувреме се уште се чека на 8000 вакцини од Србија, 5850 од Фајзер, од ветените од Бугарија, Грција или Полска, како и на 833 000 преку Ковакс механизмот и уште толку директно до Фајзер.
