Со покачен холестерол во крвта, шансата за срцеви заболувања е поголема за 70%. Затоа, треба да се грижите и за здравјето на крвта и органите, а не само за вашиот физички изглед




1. Избегнувајте големи порции
Експертите велат дека порциите што се конзумираат во Македонија се двојно поголеми од препорачаните за здравје. Со оглед на тоа, не треба да се чудиме кога ќе дознаеме дека бројот на дебели луѓе секојдневно се зголемува.




Ако не знаете колку треба да биде една порција, користете ја вашата дланка. Имено, еден оброк од месо или риба треба да одговара на големината на вашата испружена дланка. Порцијата на овошје и зеленчук треба да биде голема колку цела шака. Од друга страна, порцијата ориз, тестенини и варен зеленчук не треба да надминува големина на полузатворена шака.




2. Консумирајте храна која е добра за срцето
Овошјето и зеленчукот го намалуваат нивото на лошиот холестерол – ЛДЛ холестеролот. Затоа се трудите секој оброк да го збогатите со овошје или зеленчук во текот на денот. Исто така, храната богата со растителни стероли на пр. маргаринот и јогуртот помагаат во намалување на ЛДЛ холестеролот.




3. Јадете риба и морски плодови
Двапати неделно мора да вклучите риба или некои од морски плодови во вашето мени бидејќи тие имаат ниско ниво на заситени масни киселини и високо ниво на Омега – 3 масни киселини кои се многу здрави. Рибата помага во намалување на триглицеридите во крвта и лошиот ЛДЛ холестерол. Особено се препорачува внесување на морска риба како лосос, туна и сардина.




4. За појадок цели зрна
Појадок од цели зрна ќе има корисен ефект врз вашето тело во текот на денот. Имено, влакната од цели зрна помагаат подолго да се задржи чувството на ситост, па нема да се прејадувате за ручек.




5. Незаситените масни киселини го штитат срцето
Не сите масти се лоши, бидејќи нашето тело бара маснотии. Незаситените масни киселини како оние од маслиновото масло го намалуваат лошиот и го зголемуваат добриот HDL холестерол. Сепак, треба да го користите умерено бидејќи и добрите масти содржат калории.




6. Прошетка
Ако помислата на теретана или фитнес ве излудува, тогаш прошетајте. За оваа лесна и здрава навика потребни ви се добри патики и по можност придружник, било да е тоа маж или куче.
