Љуљзим Сулејмани успеал да ја спаси својата вереница и уште петмина патници од запален автобус на бугарскиот автопат. Успеал и со чекан го скршил прозорецот, а во несреќата му била повредена раката.

Меѓу преживеаните од автобусот на смртта што се запали на автопат во Бугарија се Љуљзим Сулејмани од Прешево, Србија и неговата 25-годишна свршеница Медина Луфти од Куманово. Љуљзим за ТВ Клан го раскажа ужасот на преживеаните.

– Автобусот удри во тротоарот од десната страна. Пукнале гумите и избувнал пожар. Потоа автобусот продолжил да се движи околу 20 метри лево. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат, како во хорор филмовите. Успеав да избегам, го зедов чеканот што беше во автобусот и го скршив стаклото на прозорецот. Извадив пет лица и мојата свршеница – изјави Сулејмани, кому во несреќата му е повредена раката, а тој заедно со сопругата и другите повредени се наоѓа во болница во Софија.

Истрагата за оваа страшна трагедија е во тек, а бугарскиот експерт Димитар Димитров за бугарските медиуми изјави дека е невообичаено вратата на автобусот да не биде отворена.