Околу 300 милиони луѓе во светот страдаат од дијабетес. Главната причина зошто болеста е тешко да се дијагностицира се скриените симптоми кои луѓето често ги игнорираат.




Дијабетесот има многу рани симптоми, а некои се прилично нејасни. Ако ги забележите, обидете се да јадете што е можно повеќе зеленчук со малку јаглехидрати, богати протеини и лиснат зеленчук.




Симптоми на висок шеќер во крвта
1 . Високиот шеќер во крвта предизвикува невообичаено пецкање на различни делови од телото. Оваа состојба се јавува кога хипергликемијата ги оштетува нервните завршетоци.
2 . Чешањето на кожата и долгото зараснување на модринки е вториот најчест скриен симптом на дијабетес.




3. Екстремната жед е поврзана со високо ниво на шеќер во крвта, а често дури и пиењето вода не ја задоволува жедта.
4. Заматен вид е уште еден симптом на латентен дијабетес и се јавува на самиот почеток на болеста. Тоа може да биде резултат на нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, што ги оштетува крвните садови на окото. Задолжително посетете очен лекар.




“Дијабетесот има многу рани симптоми, а некои се прилично нејасни. Ако ги забележите, обидете се да јадете што е можно повеќе храна со малку јаглехидрати, многу протеини и лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки пијалоци и пијте најмалку два литра вода дневно. Можно е за неколку дена да исчезнат сите овие знаци“, советуваат лекарите од „Вен клиника UNC Health Care“.




Експертите објаснија и дека понекогаш горенаведените симптоми не се поврзани со дијабетес, туку можат да бидат последица на прекумерно внесување на јаглехидрати со кои телото не може да се справи. На пример, пецкањето може да биде предизвикано од слаба циркулација на крвта, а чешањето предизвикано од алергии или егзема.




Но, ако барем два од овие неколку симптоми се појават истовремено, се препорачува да се консултирате со лекар. Доколку не се лекува, дијабетесот го зголемува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар, како и проблеми со бубрезите.
