Имунологот Борислав Каменов денеска изјави дека не треба да се извлекува заклучок дека сојот омикрон на коронавирусот е попатоген од другите видови бидејќи има 15 мутации.




„Ако луѓето се разболуваат помалку, ако не добијат потешки клинички слики, ако вакцинираните имаат добар имунитет на претходната конформација, тогаш тоа значи дека вирусот ослабел, не зајакнал. Различно е, но не смееме да заклучиме дека се должи на повеќе патогени“, изјави Каменов за ТВ Танјуг.




Загрижен дека вакцините нема да бидат доволно ефикасни против новиот вид, Каменов рече дека прашање е како вирусот ќе навлезе во клетките, ако протеинот толку се променил бидејќи, како што нагласи, клетките не се променети.




„Не знаеме колку е опасно. Знаеме дека има околу 15 мутации во протеинот, кој е протеин кој е одговорен за навлегување во клетката и кој ги препознава нашите рецептори. Ако има 15 мутации, ако конформацијата на тој вирус се смени, тој протеин кој е одговорен за навлегување, можеби помалку влегува во нашите клетки. Тоа не го знаеме“, рече Каменов, нагласувајќи дека за тоа се потребни научни анализи и истражувања.




Тој додаде дека фактот што протеинот е различен во новиот вид „може да значи дека е полош, но и дека е помалку агресивен“.
Тој укажа и на важноста од зајакнување на имунитетот и земање витамин Д во борбата против коронавирусот.




Витаминот Д ја спречува олујата“, рече Каменов.
Каменов рече и дека проблем се големите, а не малите собири на луѓе.




Како што објасни, на големи собири, еден пациент може да зарази неколку десетици или стотици луѓе.
