Бебето веќе ја изненадило мајката на ултразвук, а кога се родила сите зборувале за нејзината коса.




Повеќето бебиња се раѓаат со многу малку коса, така што бебињата со густа коса лесно можат да привлечат внимание.
Така е и малата Лекси-Роуз која е родена со фризура на Елвис Присли, а самите бабички зачудено го гледале бебето по породувањето и и признале на мајката дека никогаш не виделе бебе со толку коса.




Мајката Хана Холинс вели дека нејзината постара ќерка, четиригодишната Софија-Хоуп, претходно ја носела титулата „бебе со најмногу коса“, но малата Лекси ја тргнала својата сестра од тронот.




„Морам да застанам дваесет пати на ден за луѓето да ја видат и да и се восхитуваат на косата“, вели 29-годишната мајка од Прентон, Англија.




Во 31-та недела од бременоста отишла на 4Д ултразвук и уште тогаш докторот видел дека сега петмесечната Лекси ќе има многу коса.




– Не може да се види каква коса ќе има детето кога ќе се роди, но знаевме дека ќе биде долга и густа бидејќи се виде на ултразвук – додава мајка на две девојчиња кои се, истакнува таа, нејзиниот најголем благослов.

