Ги намалуваат симптомите на мигрена и главоболки
Пачули се смета за свето дрво во Јапонија. Го навлажнува воздухот и ги впива нечистотиите во домот, а некои тврдат дека ги намалува симптомите на мигрена и главоболка.




Сувиот воздух со себе носи проблеми за респираторниот систем, а против нив можете да се борите на природен начин со помош на растенија кои го навлажнуваат воздухот.
Пачули се смета за свето дрво во Јапонија бидејќи се верува дека ги собира душите на мртвите. Овие зимзелени дрвја го навлажнуваат воздухот и ја апсорбираат нечистотијата во домот. Некои тврдат дека ги намалува симптомите на мигрена и главоболки. За возврат, бара сенка и редовно наводнување.




Јазикот на свекрвата
Ова растение прави чудесни работи: го освежува воздухот, произведува големи количини кислород и ги неутрализира штетните материи од синтетичките материјали. Бидејќи ја задржува влагата во листовите, не треба често да се полева. Згора на тоа, не бара многу внимание, па можете да го поставите во кој било агол од куќата.
Фикус
Фикусот е едно од најпопуларните домашни растенија бидејќи го навлажнува воздухот, го полни со кислород, ги неутрализира токсините и вирусите и впива многу прашина. Најдобро успева во домови со многу простор, а бара и постојана сенка. Најчестиот вид на фикус е Бенџамин, кој брзо расте и не треба често да се полева.




Винова лоза
Ова растение се однесува како бршлен – со лисјата брзо го покрива просторот околу кој расте и се крева кон светлината. Брзо се прилагодува на сувиот воздух и постепено го навлажнува. Од друга страна, му треба многу сенка и често наводнување.




Каланхое
Ова растение од Мадагаскар е создадено за станови со сув воздух. Ја задржува влагата во листовите и помага да се регулира свежината во околината. Не треба често да се полева, туку да се постави на место каде што ќе добива многу сончева светлина.
