





Богојавленските пачи ги подготвуваме на Крстовден, кога обично постиме, ги јадеме на Богојавление во чест на крштевањето на Исус Христос
Православна црква и верниците утре го слават големиот празник Крстовден, кога строго треба да се пости. Затоа пачата што се подготвуваат денеска се оставени за Богојавление (19 јануари), а треба да се каже дека имаат важно место на празничната трпеза за Свети Јован.
За пача потребно е:




3 суви и 3 свежи свински нозе
- 2 пара свински уши
- 3 свински опашки
- 1 свинска коленица
- 1кг телешко бутче
- зрна бибер
- сол
- 4 главици лук
- Подготовка:




Убаво исчистете ги состојките и ставете ги во поголемо тенџере. Зачинете ги по вкус и прелијте ги околу литар вода. Гответе ги сите состојки на тивок оган до пет часа (во зависност од тоа колку е старо месото). За време на готвењето, задолжително собирајте маснотии и пена што се акумулира на површината од време на време.




Ќе знаете дека пачата е сварена со тоа што ќе видите дека месото само паѓа од коските (земете едно парче, па ако месото само ви се лизне, е готова), а течноста станува леплива. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го на страна да се излади. Ако маснотиите сè уште се акумулираат на површината, отстранете ја.




Оладената смеса потоа се процедува низ густо сито, а месото и коските се тргаат на страна и се сечат на саканите парчиња. Потоа, исечканото месо наредете го во подлабоки чинии, пресечете го лукот и секоја чинија прелијте ја со процедената течност.




Вака подготвената пача оставете ги на тераса или во фрижидер да се изладат преку ноќ.
