Се чини дека ќе помине многу време додека веганството, како начин на живот, да биде целосно прифатено во целиот свет.

Иако односот кон веганите во Македонија од ден на ден драстично се менува, а ширум главниот град се отвораат вегански и вегетаријански ресторани, факт е дека овој начин на живот не е целосно прифатен насекаде во светот.

На пример, анонимна жена за која се верува дека е од Соединетите Американски Држави отишла на Редит и објаснила дека 12-годишниот пријател на нејзината ќерка – познат само како „М“ – е многу помал и поблед од нејзината ќерка. Таа го хранела со месо, всушност со мала количина месо додека девојката била на гости кај нив дома.

Тоа навистина не би било проблем доколку девојката не е веган, како и другите членови на нејзиното семејство. Поради тоа оваа жена наиде на бројни осуди.

Некои мислеа дека девојчето е доволно старо и дека треба сама да одлучи што сака да јаде. Загрижена жена мисли дека девојката сигурно би била во неволја доколку им признае на родителите дека пробала месо.

– Ти не си нејзиниот доктор. Ова не е ваш избор. Ако работите зад грбот на нејзините родители, тоа ќе направи повеќе штета отколку корист – напиша еден од членовите на форумот Редит. После тоа, многу други корисници ја поддржаа оваа изјава, тврдејќи дека е апсолутно непотребно родител да си игра со туѓо дете и да ги наметнува своите ставови.

Какво е вашето размислување? Оставете ни коментар!