Денеска е Св. маченици Ермил и Стратоник.




Овие двајца маченици пострадаа во близина на Сингидунум, денешен Белград, во 315 година. Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот. Штом чул за него, императорот Ликиниј наредил да го затворат. Ноќта во затворот стражарот Стратоник го видел Ермила како разговара со еден ангел, по што се обратил и поверувал во Христа.




Наредниот ден Ермил бил ставен на маки. Гледајќи како го измачуваат, Стратоник не можел да ги задржи солзите, со што било откриено неговото обраќање. После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав.




По Празникот Обраќање на свети Павле, црквата го слави и именденот на двајцата негови ученици и помошници: Тимотеј и Тит. Тимотеј бил роден во Листре во Мала Азија. Татко му бил паганин, а мајка му Еврејка. На своето прво мисиско патување, Тимотеј му се обратил на Павле и оттогаш станал негов најмил ученик. Тимотеј ги вложил сите сили во ширењето на Исусовата Радосна вест.




Свети Тит потекнува од паганско грчко семејство. По обраќањето, го следел Павле на третото мисиско патување. Тимотеј и Тит биле добри бискупи и пастири на младото стадо на Христос, на кое секогаш му давале пример на светиот христијански живот.




Обичаи
Овој ден се слави и како предпразник Богојавление, па во некои краишта на земјава се верува дека пред полноќ, како и за Богојавление, вреди да се помолиме на овие маченици. Се верува дека силата на овие светци прави чуда, и дека ни претстои посебна ноќ кога се исполнува секоја желба.
