Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш, Пимен измоли од старецот Павле да го однесе кај свети Паисиј.




Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе (затоа што Пимен значи пастир) многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа.




Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да нè видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам тука.“ Во манастирот на овие тројца браќа, со кој управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење.




Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече: „Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“




- Ако се држите до тишината, тогаш мирот ќе го најдете насекаде, без разлика каде живеете – рече тој.
- Ако некој ти направил зло, направи му добро и твоето добро ќе ја победи злобата – позната е неговата мисла.
- Плачењето е двојно – делува и зачувува. Плачеме со сета сила пред добрината Божја додека не ни покаже милост – рече Пимен Велики.
- Да го научиш ближниот е подеднакво контрадикторно со смирената мудрост, како и да го обликуваш – рекол мудрецот.
- Ова се само дел од неговата мудрост, принципите според кои секој човек треба да живее. Денес е важно да најдеме мир, спокојство и место во нашите срца за прошка. Исполнете се себеси и луѓето околу вас со смиреност.




