Таа не откри дали се плашела!

Непознат маж одлучил да испрати предупредување до девојка за момчето со кое била на првиот состанок додека бил во тоалет, пишува Мирор.

Девојка по име Хадија го сподели своето непријатно искуство на Интернет, и покажа порака испратена до неа од маж од соседната маса, додека дечкото со кој излезе отиде во тоалет.

– Премногу црвени знамиња. Бегај! Биди сигурна, девојко – напишано е на лист хартија што Хадија го сподели со своите следбеници на Твитер.

Наскоро нејзиниот пост стана вирален и пристигнаа секакви пораки.

„Беа црвени како моите црвени нокти“, одговори Хадија, не откривајќи дали го послушала младиот човек кој и оставил порака или дали останала со дечкото со кој излегла.