Mакедонскиот шоумен Игор Џамбазов своето време освен во станот во Скопје го поминува и во прекрасниот Дојран каде што ужива во убавините во овој дел на Македонија.

Тој редовно е активен на социјалните мрежи каде што објавува постови од своите активности, евоцира спомени, се потсетува на убави моменти…

Овој пат Игор се потсети и ја покажа својата сестра Тања Џамбазова која повеќе не живее во Македонија.

Потсетуваме, во 2016 година Тања го изненади Игор кога допатува од САД и се појави на Саемот на книгата каде што Игор имаше промоција на неговата нова книга „Умрен човек“

Во 2016 година таа сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на Бертолд Брехт.

Овај пат Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил се обрати со следните зборови упатени кон неговата серстра!

Како пролетен ветер залутан во септември. Доаѓа неочекувано, пријатно пирка и тотално те ослвежува. А потоа го снемува уште пред да ги отвориш очите. Систер не сфаќаш колку ми недостасуваш.