Морничаво

Нов бизарен тренд на српските свадби неодамна стана фотошопирање на покојници на слики.

Со цел оние кои повеќе не се таму некако да бидат присутни на важните животни настани, младенците ги фотошопираат своите покојни на своите слики, а дополнително доплаќаат за да ги облечат во специјално брендирано одело.

Психологот Снежена Репац истакна дека ваквиот начин на постапување со починатиот е инфантилен и бизарен.

Ова е злоупотреба на модерната технологија и претставува целосно преминување на границите во секоја смисла. Тоа преминување на границата може да значи дека секој што го прави тоа сака да ја изрази својата тага на кич начин. Инфантилно и незрело е кога се доведуваат во прашање животните статуси. Тоа е и потребата да се покаже тага и жалост за личност која била многу важна, но прашање е колку е добар овој метод – вели психологот.

Истакна дека со ваквиот потег се навредува достоинството на починатиот и неговото семејство.

– Тоа виртуелно оживување на мртви луѓе изгледа психотично и бизарно. Не знам како тоа влијае на оние кои долго го гледаат – вели Репац