Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне и попладнето со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умeрен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат во интервал од три до 12 степени, а највисоките во денот – од 12 до 21 степен, велат метеоролозите.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Студено утро со мала облачност и локална појава на магла, главно по котлините, висорамнините и по долините на реките на југозападниот дел.

Во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно и свежо, на места се очекуваат краткотраен дожд или врнежи.

Утре се очекува да биде најстудениот ден во овој бран кој започна во саботата.

Од петок очекува променливо и нестабилно време и пад на температурата.

Најавено е и дека до крајот на септември ќе имаме неколку топли сончеви денови со максимална температура до 24 степени, но, како што вели, утрата и ноќите ќе бидат прилично студени.