Понекогаш се оженил само за да не направи грев, а најкраткото траело една ноќ

Абу Абдула, 63-годишен Саудиец, стана хит на социјалните мрежи благодарение на видеото во кое му призна на општеството дека досега се женел 53 пати.

Абдула ја зел својата прва жена кога имал дваесет години, таа била шест години постара од него, а кога после околу 36 месеци сфатил дека не им оди баш најдобро, во бракот додал уште една жена.

Ниту таа комбинација не одела баш во посакуваниот правец, па Абдула, толку неутешен и гладен за вистинска љубов со годините, решил да продолжи да си ја пробува среќата.

– Кога се оженив за прв пат, не планирав да имам повеќе од една жена бидејќи се чувствував удобно, а имавме и деца – се присетува Абдула во интервју за ТВ станицата МБЦ.

– Меѓутоа, по некое време се појавија проблеми и решив повторно да се омажам на 23 години – додаде на тоа и откри дека неговиот најкраток брак траел само една ноќ.

За време на интервјуто тој спомна дека неговите сопруги се претежно Саудијки, но додаде и дека некои се странски жени кои ги запознал за време на службени патувања. Во тие случаи се оженил за, разбирливо, да не направи грев.

– Знаев дека останувам надвор од Саудиска Арабија три до четири месеци. Така, се оженив за да се заштитам од порокот – рекол Абдула.

За време на интервјуто, исто така, рече дека бара стабилност во сите тие бракови, признал дека некои од неговите сопруги жестоко се карале меѓу себе, а таков искусен маж им нудел совет на другите мажи.

– Момци, стабилноста во браковите доаѓа со постарите, а не со помладите жени – рече Абдула.

Денеска има само една сопруга и тврди дека ќе застане на бројот 53.