Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи софија на грчки значи мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години.




Изведени пред царот, тие сите четири држејќи се за раце смерно, но одлучно, ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето, мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен женик Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен.




И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите, една по една: најпрво Вера, па Надеж, па на крајот Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.




Православните христијани веруваат дека денеска треба да се воздржува од лоши мисли и да се посвети на љубовта кон ближниот. Денешниот празник е особено посветен на мајките и ќерките, а стариот обичај вели дека денес секоја мајка треба да и купи нешто ситно на својата ќерка и уште поважно, да помине што повеќе време со неа и да и ја покаже својата љубов. На крајот на краиштата, тоа е најголемиот од сите подароци.




О, свети и пофални маченици, вера, надеж и љубов и храбри ќерки на мудрата мајка Софија, сега доаѓаме кај вас со горлива молитва, зашто што може да биде помоќно за нас пред Бога од верата, надежта и љубовта, трите темели. камења од секаква доблест, по кои си именуван и чиј облик си бел.




Моли Господа да нè заштити во таги и искушенија со Својата неискажлива благодат, да нè спаси и да нè чува како Добри и Човекољубиви. Неговата слава, како сонцето што никогаш не заоѓа, ја гледаш сега и ни помагаш во нашите скромни молитви, Господ Бог да ни ги прости гревовите и беззаконието, да нè помилува нас грешните и недостојните за Неговата милост.




Затоа, молете се за нас, свети маченици, на нашиот Господ Исус Христос, и Нему му оддаваме слава, со Неговиот Отец Непочетен и Неговиот Пресвет и Добар и Животворен Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин
