Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и постојано повторно се замрзнувал и покрај напорите да биде исчистен.

Аеродромите во делови од Европа се затворени, а летовите се одложени или пренасочени поради леденото време, пренесува „Скај њуз“.

Аеродромите во Будимпешта, Братислава и Виена беа привремено затворени во вторникот наутро поради временските услови.

Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и постојано повторно се замрзнувал, и покрај напорите да биде отстранет, изјави портпарол на аеродромот.

Летовите се пренасочувале кон други аеродроми.

Леден дожд го принудил аеродромот во Прага да работи во многу ограничен режим, според објава на платформата Икс.

Во текот на денот се очекуваат доцнења, а пристигнувањата се ограничени, бидејќи персоналот работел на одмрзнување на главната писта, се додава во соопштението.

Аеродромите во Виена и Братислава требало повторно да бидат отворени утрово.