Отец Предраг Поповиќ открива како искрената молитва може да донесе помош и сила, дури и во ситуации што изгледаат невозможни.
Отец Предраг Поповиќ, свештеник на Српската православна црква, познат по својот едноставен говор, директни пораки и активно присуство на социјалните мрежи, повторно го привлече вниманието на јавноста со своето сведоштво за верата и молитвата.
Дали е грев да се молиме за пари?
Во народот често се испреплетуваат верските обичаи и народните верувања, па многумина се прашуваат каде е границата меѓу гревот и искрената молитва. Едно од најчестите прашања гласи:
„Дали е грев да се молиме на Бога за пари?“
На ова прашање, отец Предраг одговорил за време на средба со верници во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Маркова Сушица, кај Скопје:
„Се разбира дека не е. Зошто би било?“ – нагласил тој, додавајќи дека молитвата треба да биде искрена, смирена и водена од вера.
Личното искуство на свештеникот
Отец Предраг раскажа дека и самиот се нашол во тешка животна ситуација и дека се молел на Бога за помош кога му бил потребен покрив над глава.
„Со години осветував туѓи куќи, а немав своја. Си помислив: ‘Боже, целиот живот Ти го посветив, а ние се селиме веќе по четиринаесетти пат за 19 години’“, раскажува тој.
Барајќи совет, ѝ се обратил на игуманијата и ја прашал на кого да се моли кога му е потребна материјална помош. Таа му го препорачала Свети Спиридон.
„Се помолив: ‘Свети Спиридоне, ми требаат 30.000 евра за да купам куќа’.“
Како што вели, само два дена подоцна следел неочекуван повик.
„Така, токму на денот на Свети Спиридон, добив точно 30.000 евра“, објаснува отец Предраг.
Неговиот брат му понудил 25.000 евра за откуп на дел од семејната куќа, а мајка му додала уште 5.000 евра.
Порака за верата и искреноста
Отец Предраг порачува дека можеме да Му се обратиме на Бога во секоја потреба, вклучително и материјална, но секогаш искрено и без алчност:
„Бог знае што ни е потребно. Понекогаш нема веднаш да одговори, но секогаш се јавува на начин што не сме можеле ни да го замислиме.“
Молитва до Свети Спиридон за помош
„О, блажен Свети Спиридоне, моли Го Бога на човекољубието да не нè осуди според нашите беззаконија, туку да постапи со нас по Својата милост.
Моли за нас, слуги Божји (имињата), кај Христа Бога, да ни подари мирен и спокоен живот, здравје на душата и телото.
Избави нè од сите неволји на душата и телото, од секоја унинија и ѓаволска клевета.
Спомни нè пред престолот на Севишниот и моли Го Господа да ни подари прошка на многуте наши гревови, да ни даде добар и мирен живот, но и тивка и достоинствена смрт, и вечна радост во идниот век, та непрестајно да Му вознесуваме слава и благодарност на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.“
