Луѓето со прележан ковид-19 се заштитени од повторна инфекциј најмалку половина година, велат докторите.
Науката не ја исклучува можноста за повротно заразување со корона вирус, шансите се многу мали иако не се исклучени, рече Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика.
За да потрдиме еден случај дека бил заразен и повторно се заразил со вирусот, се потребни детални испитувања, кои што моментот во Македонија не се прават, а е случуваат различни интерпретации, има и грешки во тестирањето, вели тој.
Факт е дека вкупниот број на антитела опаѓа после заразата, но тоа не значи намален и имунитет, антителата не се мерка за имунитеттот. Атнителата е нормално да опаѓаат и покрај вакцинирање со ковид-19.
Важно е да се истакне дека имуниот систем ја памети средбата со вирусот и доколку едно лице се ре-зарази или ќе има лесна а можеби и воопшто ќе нема клиничка слика на ковид-19, вели Д-р Александар Петличковски.
Препорака за вакцација против ковид останува и оние кои го прележале вирусот, согласно препораките на СЗО треба да се вакцинираат. Логиката е дека средбите со некои вируси го стимулираат едноиот крак од имуниот систем, а најавената вакцина се очекува да биде комбинирана, да ги стимулира и клеточниот и хуморалниот имунитет за да се добие целосна заштита, објазни д-р Петличковски.
