Штип осамна со искинати плакати на кандидатот за градоначалник на ИНТЕГРА, Симон Поликарп – Џими.

Паднати плакати, што рано изутрината ги собираа комуниалните работници може да се забележат на десетина локации во градското подрачје.

Единственото место што останало нечепнато е тоа во приградската населба Три Чешми. ИНТЕГРА на фејсбук за вандалството покажа кон политичка партија учесник во изборите.

Меѓутоа, Поликарп – Џими во изјава за MMC , се огради од постот на партијата што го кандидира и рече дека не може да посочи на никој, ниту поединец, ниту политички субјект – Лично не можам да посочам кон никој. Се распрашуваме, па ќе видиме. Но, ова не личи на демократија.

Секој има право на води кампања . Ова го нема ни во Африка, изјави Поликарп – Џими кој е африканец, кој 30 – тина години живее во Штип .

Симон Поликарп е еден од петемина кандидати за градоначалник, на Вонредните локални избори во Штип, закажани за 13 декември. Во досегашниот тек на кампањата, која влегува во последната недела, ова е прв ваков инцидент .