Пратеникот Димитар Апасиев во гостувањето во Инфомакс во емисијата „Прашањето ми е следно“ истакна дека најголемата грешка тактичка на Груевски е тоа што не го уапси Заев.

Втората грешка на Груевски Апасиев ја гледа во незауздувањето на невладниот сектор во Македонија.

-Вака ако ги анализирам политички од дистанца, Груевски направи две тактички грешки кои го чинеа неговата политичка кариера.

Првото нешто е тоа што не го уапси Заев веднаш после првите бомби, имаше правен основ за тоа, кога спиеше на Бихаќка и знаел што правел. Тоа му е првата грешка и го потцени. Ако се сеќавате кога Заев пукаше бомби, Груевски идеше на прес и процурија снимки под ПИ-мерки како Заев оди во неговиот кабинет.

Ако гледате ставот Заев беше стутулен, а Груевски како да ја контролира ситуација. Втората грешка е што не го заузди НВО секторот, тоа што ние го викаме десоросоизација. Тоа е многу опасен потценет непријател, јас за прв пат кога се консолидиравме како Левица кажав дека НВО секторот е главниот непријател на Републиката кој е под директна контрола на Царовска, Шеќеринска и Маричиќ, вели Апасиев.