Уште еден македонски доктор ја загуби битката со коронавирусот, 41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од село Боговиње, објави весникот „Лајм“, пренесувајќи ја пораката за сочуство до семејството.

Освен неговите блиски колеги и пријатели кои почнаа да објавуваат емотивни посвети на „Фејсбук“, се огласи и градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили. 

„Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ја слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест.

Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата почива во мир“, напиша Џемаили.