Пред 10 години едвај врзував крај со крај, а денес сум милионерка – без денар заштеда и ничија поддршка, вели оваа самохрана мајка на три деца.




Рејчел Педерсен е Американка која привлече големо внимание со својата приказна. Како што вели таа, пред 10 години била самохрана мајка на три деца која била на социјална помош. Таа денес без ничија помош, без диплома и без заштеда е успешен претприемач и сопственик на две компании кои заработуваат милиони, а на Тик Ток ги советува другите како успешно да се впуштат во претприемачките води.




Нејзините компании, вели таа, се ангажирани на социјалните мрежи и и носат повеќемилионски приходи. Кога ги основала, таа тврди дека немала ниту диплома, ниту квалификации, ниту заштеда. Сепак, таа реши да се обиде.




Мојот прв чекор беше да станам менаџер на социјалните мрежи. Без претходно знаење ја прифатив работата и само првата година заработив 119 илјади долари! Наскоро почнав да заработувам околу 90.000 долари месечно, а денес заработувам двојно повеќе месечно – вели таа.




Таа вели дека своето знаење го стекнала на Јутјуб.
– Нема потреба да трошите пари на скапи курсеви. На YouTube, тоа знаење е бесплатно. Таму научив се што знам – тврди таа.




– Ако кажете дека немате време, се лажете себеси. Едноставно, наместо времето што го користите за гледање серии или играње игри, седнете и учете на YouTube. Ќе се исплати, ќе видите – тврди таа, додавајќи дека треба веднаш да почнете, наместо да чекате да го подобрите вашето знаење.




– Сè што ќе научите применете веднаш. Не чекајте да станете експерт. Секој ден ќе научите нешто ново, а ако чекате, само си го губите времето. Можете да започнете со едноставни задачи, како што се уредување видеа, водење мала страница на социјалните мрежи или препишување. Попатно ќе научиш – заклучува таа.
