Папата Лав XIV одлучил да не го прими францускиот претседател Емануел Макрон на аудиенција, пренесува италијанскиот весник Il Tempo, повикувајќи се на извори од Државниот секретаријат на Ватикан.
Според истите извори, подготовките за првата официјална посета на Макрон на Ватикан биле прекинати директно по налог на папата, а барањето за аудиенција било вратено.
Како главни причини се наведуваат:
-
незадоволството на Ватикан од француските закони за еутаназија
-
критиките на папата кон антиамериканските ставови на Макрон, со оглед на тоа што папата е од американско потекло
-
одлуката на француските власти за промени на историските витражи во катедралата Нотр Дам, што предизвика реакции и во црковните кругови
Според извори, папата порачал дека во овој момент не се одржуваат ниту приватни, ниту државни средби со Макрон.
И Трамп го одби Макрон
Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме одби покана од Макрон за состанок на Г7 во Париз, велејќи дека францускиот претседател „нема уште долго да биде на функција“.
Односите дополнително се заострија откако Макрон го обвини Вашингтон дека се обидува да ја ослаби Европа поради спорот околу Гренланд.
Европа и САД – кон неизбежен раскол?
Според Politico, европските влади сè погласно зборуваат за можно дистанцирање од САД, сметајќи дека Америка под водство на Трамп повеќе не е сигурен партнер.
Се разгледуваат и нови безбедносни модели, вклучувајќи посилна европска одбрана без директно американско учество.
„Топ Ган“ очилата на Макрон – интернет сензација
Настапот на Макрон во Давос привлече внимание и поради пилотските очила што ги носеше за време на говорот. Социјалните мрежи беа преплавени со мимови и шеги, а луксузниот бренд Henry Jullien потврди дека станува збор за модел вреден 659 евра.
Појавувањето предизвика вистинска интернет-хистерија, а пребарувањата за очилата нагло пораснаа.
