Погледнете ги знаците дека месото не е свежо и почнало да се расипува




Месото, особено пилешкото, е една од најупотребуваните намирници, а за да уживате во неговиот вкус и корисни состојки, мора да биде свежо. Има знаци дека месото не е свежо и почнало да се расипува.
Експертите советуваат прво да го погледнете датумот на производство, рокот на употреба и земјата од која доаѓа месото, а потоа да го проверите врз основа на изгледот на месото: бојата, цврстината и мирисот.




Боја на месо
Ако бојата на месото што сте го купиле е различна, темна или сивкаста, најверојатно тоа не е свежо. Доброто пилешко најдобро ќе се препознае по коската на батакот, која мора да биде целосно бела.




Мирис
Свежото месо обично има слаб мирис. Ако мислите дека пилешкото мириса кисело, скапано или граниво, најверојатно е веќе расипано.




Површина на месо
Доколку месото не можете да го помирисате бидејќи е спакувано во продавница, постои начин да дознаете дали е свежо. Допрете го со прстот, ако е свеж, не смее да има никакви вдлабнатини. Исто така, важно е да се внимава дали има слуз на површината на месото, бидејќи тоа укажува дека бактериите веќе се формирани.
