Еден млад човек, Душан Обреновиќ (24), роден под името Сулејман Муратовиќ, го сврте вниманието на јавноста откако ја придружуваше литургијата на покојниот епископ Херцеговински и Захумски Атанасиј до неговиот вечен дом.




Овој млад човек живее во Косовска Митровица, потекнува од мешан брак, а во 2016 година од ислам се преобрати во православието. Денес, дојде да го виде епископот Атанасиј во манастирот Тврдош, каде што е погребан.
– Јас не преминав во дурга вера бидејќи нашите предци беа православни, па само се вратив – рече Душан за Алтернативна телевизија од Бања Лука (АТВ).




Како што вели, неговите татко и сестра не протестирале поради неговата одлука да ја смени верата, додека неговата мајка не била воодушевена.
– Таткоми е, да речеме, атеист. Тој не ме бранеше, ми рече: „Сине, ако така реши, тоа е твоја работа“. И еве ме, со Божја помош во 2016 година, на 8 мај, на Денот на Марко, се крстив во манастирот Бањска, кај отецот Данило, игуменот – се сеќава Душан.




Презимето го зеде по династијата Обреновиќ, името по Цар Душан и славата на Свети Јован. Повеќето пријатели од Косовска Митровица ја прифатија неговата одлука, но има и сограѓани кои не ја сакаа.




– Имаат некои на кои им пречи, некои од градот, некои муслимани, им пречи тоа што јас бев крстен. Има и некои православни на кои им пречи и фрлаат сè кон мене на улица, но јас не обрнувам внимание. Господ е тој што ќе им суди на сите, не ме интересира толку многу за тоа. Не ги мразам – вели Душан.
