Општина Бутел објави јавен повик за пријавување деца од социјален ризик и деца со посебни потреби, жители на општината за стекнување право за користење бесплатно летување под мотото “Летен камп – Сите сме едно”.

Повикот се однесува за децата кои потекнуваат од семества приматели на социјална помош, деца на самохран родител, деца без родители и деца со посебни потреби или корисници на посебен додаток.

Летниот камп ќе се реализира во детското одморалиште Радости во Охрид, во две смени во месец август.

Пријавувањето на повикот е во тек, а сите подетални информации се објавени на веб страната на Општина Бутел.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДЕЦА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК И ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ ПОД МОТОТО ЛЕТЕН КАМП-СИТЕ СМЕ ЕДНО