Бракот на Оливија Атвуд и Бредли Дак доживеа крах по три години, а сега е откриена вистинската причина која за многумина и не е изненадување.

Соседите на ријалити-учесничката, водителка и актерка Оливија Атвуд и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, англискиот фудбалер Бредли Дак, со месеци шепотеа дека меѓу нив не е сè во ред. Познатиот пар конечно стави точка на гласините и призна дека дефинитивно се разведуваат. Многумина сметаат дека убавицата сепак никогаш вистински не му простила на Бредли за неверството од 2017 година. Иако изгледаше дека ја надминала аферата кога реши да стапи во брак со него, се покажало дека му возвратила со иста мера, но се обидува сè да остане сокриено од јавноста.

Околината раскажува дека подолго време „изгледале како да се мразат“ секогаш кога биле видени во близина на нивниот луксузен новоизграден стан покрај Темза, каде што меѓу соседите им се и познати јавни личности.

По повеќемесечни шпекулации за нивниот брак, минатата недела конечно се случи неизбежното. Веста за разводот протече во угледни медиуми кои со години објавувале позитивни приказни за поранешната ѕвезда од „Love Island“ и „The Only Way Is Essex“, Оливија. Вниманието и вината главно беа насочени кон Дак.

Извор за британски медиум изјавил дека Оливија била со скршено срце и дека фудбалерот „ја преминал границата“.

„Оливија и Бредли се разделуваат затоа што Бредли ја изневерил нејзината доверба“, навел изворот.

Но други извори тврдат дека „ексклузивната“ приказна не била резултат на темелна новинарска истрага, туку внимателно пласирана од тимот на Оливија, со цел да се обликува јавната перцепција.

Во објавите немало спомнување за нејзиното многу блиско пријателство со колегата од „TOWIE“, Пит Викс, ниту за гласините што со месеци ги следат. Според информации од зад сцената, владеела вистинска паника поради нивната блискост, особено откако заедно воделе радио-емисија за време на викендите.

Кога бракот влегол во сериозна криза, Оливија наводно ангажирала личен ПР-советник. Телевизиската куќа со која соработува, според изворите, имала големи планови за неа и не сакала приватниот скандал да ја засени нејзината кариера.

Соработник близок до двајцата изјавил дека ситуацијата била хаотична со месеци и дека сите се обидувале да најдат начин како таа да излезе од бракот без поголема штета по угледот.

Во меѓувреме, и тимот на Пит бил под стрес поради можните последици од гласините. Извор близок до него вели дека тој не направил ништо лошо, но сепак бил вовлечен во приказната.

Како дополнително масло на огнот, минатото лето се појавиле фотографии од Ибица на кои Оливија во бикини е блиска со Пит на јахта — сцени што, според упатените, се обиделе да ги минимизираат.

Луѓе од нејзиното опкружување сугерираат дека разводот станал неизбежен токму поради тоа „блиско пријателство“. Еден пријател дури иронично рекол: „Во бракот имаше тројца – Оливија, Бредли и Пит.“

Само неколку часа по потврдата за разделбата, Оливија била фотографирана видно замислена, како пие кафе пред радио-станицата заедно со Пит.