Така секогаш ќе знаете да изберете што е добро!

Дали некогаш сте се запрашале кога земате мелено месо, што навистина има во него и колку е свежо? Многу е важно да го знаете и препознаете вистинското месо, за да не бидете изневерени.

Дали знаете од каде доаѓа вашето месо?

Идеално би било кога би знаеле каде е одгледано животното. Побарајте ги етикетите на пакувањето и истражете што е можно повеќе информации. Добра идеја е да избегнувате месо со генерички етикети, како што се „хамбургер“ или „мелено говедско месо“, пренесува food52.

Бојата на меленото месо не е толку пресудна

Без разлика дали живеете во близина на самопослуга или купувате од месар на шалтер во вашиот локален супермаркет, ова е клучно. Да можете да изберете точно кој тип мелено месо ќе го добиете (или кои парчиња месо ќе ги добиете специјално за вас) значи поконзистентна свежина и подобар вкус.

Месо со висока содржина на масти

Исто така е најсочно и најнежно, додека посното месо може да биде нешто посува и побледо. За повеќето препарати, најдобра е помрсна мешавина од месо. Тие препорачуваат сооднос 80/20 на посно и масно месо.

За многу други намирници, првиот показател дека нешто не е во ред е бојата. Но, со производите од мелено месо не е така лесно да се суди.

– Меленото месо треба да се јаде во рок од ден или два по купувањето, додека шницлите можат да останат во фрижидер три дена – вели експертот за безбедност на храна Аргирис Маргулас.

Ако има избор, секогаш е подобро да се купи месо кое е светло црвено бидејќи тоа е автоматски знак дека е посвежо, хемиската реакција која ја менува бојата сè уште не се случила.