Пензионер стар 91. година од Велика Британија станал хит откако доцнел на вакцинација против ковид-19.

Мартин Кенион дал интервју за Си-Ен-Ен и многумина насмеал откривајќи дека доцни затоа што „никаде не можел да најде прокле паркинг“. Тој открил и како ја примил вакцината и призна дека не бил многу задоволен од ручекот.

„Се јавив во болницата и прашав што прават, тоа вакцинирање. Ми поставуваа разни прашања после тоа, не беше многу интересно, одговорив, а потоа ми рекоа да дојдам во 12:30 часот. Секако дека не можев да најдам проклет паркинг, па доцнев.

Сега сум уште тука, бев внатре и тие ме ставија на списокот“, објаснил тој.
“Отидов и имав прилично лош ручек, а потоа се вратив и тие беа подготвени за мене. И не, воопшто не ме повредија – дури и не знаев дека иглата влезе додека не излезе. Беше многу интересно.

Беше безболно”, додалтој.
„Немам намера да го добијам проклетиот вирус затоа што имам внуци и имам намера да живеам долго за да можам да учествувам во нивните животи. Нема смисла да умирам сега кога живеев толку долго”, заклучил тој.