Пред три дена започна 12-тото издание на натпреварот во легачење, кој се одржува во еко селото Брезна, недалеку од Никшиќ, а победникот добива награда вредна 1.000 евра, пренесува српски Блиц.

Годинава се пријавија 21 натпреварувач, но тројца од нив отпаднаа после првиот натпреварувачки ден, додека уште еден натпреварувач отпадна вториот ден.

Организаторот Миќо Благојевиќ откри дека на натпреварот учествуваат и Хрвати: „Има некои од регионот, од Хрватска, БиХ, како и Руси и Украинци“.

Наградата е 1000 евра, а натпреварувачите ќе се обидат да го соборат рекордот од 117 часа лежење, поставен пред две години.

„Гледам дека се упорни. Не бараат многу, имаат оброци, им носиме нешто за пиење и јадење. Издржаа четири-пет часа вчера на дожд. До четврток е најавено добро време, па мислам дека тие можат да лежат уште долго време“, изјави организаторот.

„Ова е прекрасно место, чист воздух, локална храна. Уморни сме и ни треба одмор. Во медот ни влезе секира“, рече еден од натпреварувачите, додавајќи дека на секои осум часа имаат право на 10-минутна пауза, од лежење и посета на тоалетот.