Говедското месо треба да се омекне пред да биде термички обработено, а тоа може да се направи на неколку интересни начини




Подгответе маринада од масло и зачини, ставете го месото внатре и оставете го во фрижидер преку ноќ. Еден час или два пред подготовката ставете уште неколку кришки киви внатре – содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградување на сврзното ткиво во месото, па тоа станува многу меко.




Ананасот делува на ист начин.




Покрај овие два вида егзотично овошје, можете да додадете малку оризово вино, рендан кромид и јаболко и да го оставите месото во него преку ноќ, а подеднакво добро делуваат и киселините како лимонот и оцетот.




Лимонот ќе делува по еден час, па можете да го искористите овој трик доколку подготвувате јадење во последен момент.




Во оцетот мора да стои цела ноќ, пренесува Нови
