Оваа храна го усмртила семејството

Девет членови од едно семејство од Кина умреле откако изеле домашнни нудли кои стоеле во замрзнувач една година.

Семејството е отруено од бонгкрег киселина која е пронајдена во нудлите, сооштиле локалните власти и ја исклучиле можноста од намерно труење.

Националниот комитет за здравје издал во втроникот итно предупредување, луѓето да одбегнуваат да јадат храна со ферментиран ориз и брашно, пренесува China Daily.

Членовите на семејството се собрале на 5. октомври на појадок. И додека девет членови јаделе домашни нудли, најмладите членови не јаделе бидејќи не им се допаднал вкусот. Ова е посебна врста на нудли кои се прават од ферментирано пчеркарно брашно, пренесува Индепендет.

Девет лица кои јаделе се разболеле за неколку часа а осумина од нив до 11 октомври починале.

Деветиот члена, 47. годишна жена, била во болница некое време, но починала во понеделникот.

Симптомите на труење со оваа киселина се појавуваат за неколку часа од конзумирање на контаминирана храна, а вклучува болки во стомак, потење, слабост и кома.

Смрта може да настапи за 24 часа.