Една девојка од Летонија отпатувала во Северна Кореја за да види каков е животот таму. Била шокирана — особено од она што ѝ се случило ноќе.

Северна Кореја минатата година повторно ги отвори своите граници за туризам, првпат по пандемијата на ковид-19.

Но, патувањето во оваа мистериозна земја не е како обичен одмор. Посетителите мораат во секој момент да бидат со туристичкиот водич и не смеат да истражуваат сами. Од нив се очекува да ги почитуваат строгите правила.

Јутјуберот и патник Дру Бински од САД неодамна испратил пријателка од Летонија во Северна Кореја, бидејќи Американците во моментов имаат забрана за влез.


Како успеала да излезе сама

Во видеото тој објаснил:

„Не можете да го напуштите хотелот, ниту да правите нешто што не е дел од однапред одобрените тури на владата.“

Сепак, пријателката на Дру пронашла итр начин малку да ја истражи околината без придружба од водич. Се пријавила на Пјонгјанг маратонот, и снимката покажала како трча низ улиците.

„Ако учествувате на Пјонгјанг маратонот, можете да излезете на утринско трчање надвор од хотелот без туристички водич,“ рекол Дру.

Туристката, облечена во спортска опрема, ја свртела камерата и рекла:

„Буквално нема никој околу мене — само јас.“


Што ѝ се случило навечер

Подоцна објаснила дека, по вечерата, излегле на прошетка.

„Петок е вечер, околу девет часот,“ рекла таа. „Шетаме по улицата, сосема опуштено, и токму кога зачекоривме на една улица — одеднаш почна да свири гласна корејска музика. Дали беше случајност, или тоа го направија за да нè импресионираат? Никогаш нема да дознаеме,“ пренесува LADBible.


Северна Кореја, инаку, се обидува да ја прошири својата туристичка индустрија. Ова лето го отвори крајбрежното одморалиште Вонсан Калма, на источниот брег, близу аеродромот во регионот Кангвон.

Првично било планирано за поттикнување на туризмот, а државните медиуми го опишале како „град со национално значење“.

Од неговото отворање, пристап имаат само туристи од Русија.

Руската блогерка Дарија Зупкова таму престојувала и открила детали од искуството:
од Санкт Петербург патувала преку Владивосток до Пјонгјанг, а потоа во Вонсан Калма, каде што останала неколку дена.

Одморалиштето се протега долж четири километри бел песок и има капацитет од околу 20.000 посетители, со повеќе од 40 хотели, пансиони и објекти за забава.

„Ова е ново одморалиште што се рекламира насекаде,“ објаснила Дарија, додавајќи дека не се плашела од можноста за надзор или прислушување:
„Немавме што да кажеме за да нè прекорат,“ се пошегувала таа.