Утре е преподобен Пимен Велики, ранохристијански светец познат по својата мудрост.
Преподобен Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови.
Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа.
Манастирот на овие тројца браќа, со кои раководеше најстариот од нив Анубиј, го имаше следниов типик: ноќта ја поминуваа четири часа во ракоделие, четири часа во спиење и четири часа во псалмодија; од утрото до пладне времето го поминуваа наизменично во работа и молитва; од пладне до вечерната читаа, а потоа го јадеа единствениот оброк за 24 часа, што обично се состоеше од зелје.
Секојдневно се смируваа еден пред друг. Така проживеа преподобниот Пимен до длабока старост и мирно се упокои во Господа.
Неговите изреки и денес му пркосат на времето и на брзиот живот кој го живееме.
Во продолжение прочитајте дел од нив:
– Ако се придржувате до молчењето, тогаш ќе најдете спокој насекаде, каде и да живеете.
– Ако некој ви направил зло, направете му добро и вашето добро ќе го победи злото.
– Плачењето е двојно – работи и чува. Плачеме со сета снага пред добрината Божја сè додека таа не ни направи милост.
– Да се учи ближниот е подеднакво контрадикторно со смирената мудрост, исто како и да се обликува.
– Една работа мора да ја направиме на овој ден, а тоа е да го пронајдеме сопствениот мир. Многу е важно да најдеме мир, спокој и место во нашите срца за прошка. Наполнете се себеси и луѓето околу вас со смиреност.