Доколку ги имате овие четири работи во домот, ќе се исполнат сите ваши желби…
За Фенг шуи учењето најчесто се размислува како за начин на уредување на околината, што е во суштина точно. Меѓутоа, оваа древна кинеска вештина може да се користи и за стабилизација на вашите намери, како и за манифестација на вашите желби и соништа.
Овој вид на симболичен Фенг шуи, наместо рамна визија, создава тродимензионана слика, која ги претставува вашите цели и амбиции.
Направете своја листа со желби
Вие сте најмоќната личност која може да ги оствари вашите соништа. Кога ќе направите сопствена листа на желби, позитивната енергија ќе знае на што точно да се фокусира. Бидете што понкретни и подредете ги работите според нивниот приоритет. На овој начин, вашите желби ги изнесувате на виделина и ги создавате реалност уште пред тие да се остварат. Раката се поврзува со вашиот мозок, очите со вашето срце, затоа не се плаете да ги запишете работите кои ви се важни, за истите да станат ваша реалност.
Дрво за одобрување желби
Дрвото претставува одличен Фенг шуи симбол. Тоа донесува сила и раст во просторот, а воедно претставува стабилност. Дрвото може да ја блокира и апсорбира негативната енергија во просторот наместо вас. Тоа може да биде дрво кое е засадено со намера да го потпомогне растот и развојот, но и било кое друго кое ќе го внесете во својот животен простор. Садењето на дрво во градината со намера да се исполни долгогодишна желба е исто така добра солуција. Погрижете се тоа да биде овошка како на пример јаболка, слива, праска или цитруси – лимон и портокал, и задолжително посадете ги на јужниот или југоисточниот дел од градината.
Остварување желби со помош на кристали
Кристалите се уште еден добар начин за манифестација и остварување на желбите. Дијамантите се избрани за складен брак, кристалите се создадени да ги исполнуваат најискрените желби. Изберете кристал кој вам лично ви се допаѓа, според боја и облик, како голем лажен скапоцен камен какви можете да видите само во филмовите и доверете му ја својата желба.
Животните ги исполнуваат желбите
Постои цела низа животни, кои според Фенг шуи, можат да ги исполнат вашите желби. Прва во ред е кравата. Таа во будизмот и хиндуизмот се смета за свето животно, а мунгусите или глувците се вторите животни кои исполнуваат желби за богатство и успех. Исто така, тие помагаат да се преброди лошата среќа.
