Наскоро ќе започне сезоната на отворени чевли,папучи и сандали.

Испуканите потпетици по долгата зима се веројатно една од најлошите работи за жените пред сезоната на летни сандали. Кремите, пилинзите и другите трикови често не даваат никакви резултати. Затоа најдобро решение е да се свртите кон намирниците кои веќе ги имате дома – лимонот е дефинитивно најдобриот избор!

За почеток, одберете лимон кој е доволно голем за да ви ја покрие петицата, а потоа исцедете го. Од сокот што ќе го добиете направете лимонада, а ќе ви треба кора за да ја поправите петата.

Обидете се да го исцедите целиот сок, но чувајте ја внатрешноста со пулпата и влажна.

Ставете половина од лимонот на петите, за целосно да ги покрие. На почетокот ќе се чувствувате малку чудно, но наскоро ќе се навикнете.