Школка ми фали….21.05.2021г, тачно у подне што би рекол колегата Гари Купер Лиснато со виршла, лименка кока кола и си дојдов на доручек на местото кое многу ми значи, место кое ме полни со сила, ме асоцира на забава, дружење, на многу убави лица, насмеани, радосни, разиграни и растрчани, распеани.




Гушнати и прегрнати. Место кое ме асоцира на искреност, место на кое нема разлика, сите сме едно и Растеме заедно. Место преполно со енергија, со душа и многу многу љубов. Тоа место е Школка.




Одамна не сме се дружеле, ми фали се она горе напишано, ми фалите вие, моите другарчиња, пријатели. Но издржавме многу, ќе издржиме уште малку, колку и да е, затоа што знаеме дека мора вака, за здравје се работи.




Силни сме нели А кога ќе помине ова, кога ќе и речеме на вештеркана конечно сиктер, има да ја направиме најголемата, најзабавната, највеселата, најнасмеаната, најраспеаната и НАЈ ГУШ И БАЦ дружба во цел свет. Ма во цел универзум Договорено?




Ве сакам, ве гушкам и со најголемо нетрпение чекам да ве видам. А сега летам кон планетата Арена Борис Трајковски, Вашето другарче Денко Космонаутко
