ФБ Статус од Докотр Беќаровски:
„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата“, пишува на ФБ, д-р Беќаровски Нико.
Вели дека инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек.
„Повеќе информации барајте од МВР.
Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“, стои во објавата на д-р Беќаровски.