Во салите за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа сите присутни се опуштале со виски и цигара. Вилата имала куглана, сала за билјард, па дури и кино, а денес тој сјај на раскошното време исчезнал…

Денес девастираната Вила извор или Објект 99, како што ја нарекуваат жителите и луѓето од Националниот парк Плитвица, сместена е далеку од погледот на сите, во затскриен дел од паркот, и претставува само рушевина која што е спомен на некогашниот сјај.

Во времето на градењето на Вила извор, таа била најскапата претседателска резиденција. По Втората светска војна, ја граделе затвореници од Градишка, Митровица и Голи оток.

ПРОМОВИРАНО

Откриен е главниот непријател на дијабетесот! Шеќерот ќе биде 5

SugaNorm

96-годишен: «Со жена ми си ги прочистуваме крвните садови. Рецепт

Detonic

Мажи, заборавете на сината пилула: земете ја само пред спиење

Prostamid

Се смета дека името ‘Објект 99’ го добила поради тоа што ја граделе 99 робијаши. Додека била во полна моќ, таму доаѓале многу политичари, пријатели и елитни гости кои што се дружеле или пак се состанувале со Тито.

Понекогаш оделе и на лов. Во салите за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа сите присутни се опуштале со виски и цигара.

Доколку луѓето кои што биле присутни таму испиеле малку повеќе алкохол, тогаш имале можност да преспијат во луксузните апартмани кои што ги поседувала вилата.

Малкумина знаат и за подземниот тунел со должина од 80 метри кој што служел како таен излез.

Раскошот и сјајот се минато, а денес вилата е само еден напуштен простор кој што е спомен на едни добри времиња.

Погледнете го видеото: