Даниел Сидовски од група Респекти, кој е организатор на протестот на музичарите предмалку излезе од кабинетот на премиерот Зоран Заев со добра вест за колегите.
За сите оние кои не веруваа дека ќе успеам во сето ова, еве сега јавно ви соопштувам дека премиерот и министерот за здраство ни дозволија да организираме свадби од среда со тивка музика или ќе не обештетат финансиски, дури и ми ветија дека овој викенд ќе работаат специјално за нас иако се неработни денови, па потоа ќе се сретнеме повторно со премиерот Заев па заеднички ќе ја донесеме најдобрата одлука. Соопшти Даниел Сиздовски преку видео порака.
Shilomagazine.com.au
