Поп-пејачот Здравко Чолиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста откако вчера била фрлена бомба врз неговата куќа на Дедиње.
Како што своевремено изјавил поранешниот менаџер на „Забрањено пушење“, Драган Зуровац, Чола кон крајот на деведесеттите наводно им исплатил на зеленаши долг на својот брат Драган Чолиќ во износ од 300.000 марки.
По една турнеја, пејачот наводно морал целиот заработен износ да го врати на бизнисмен од Босна и да му помогне на братот.
– Чола заработи 350.000 марки и кешот му беше даден за да врати долгови на човек од Босна, не би сакал да откривам кому. Должеше 150.000 и ги врати братовите долгови од 300.000 марки што биле земени од зеленаши, а јас бев подготвен да му подготвам работа што носеше милиони – изјавил претходно Драган Зуровац во подкаст.
По овој повод медиумите се обиделе да стапат во контакт со Чолиќ, но тој не одговарал на повиците.
Фрлена бомба врз куќата на Чола
Да потсетиме, рано наутро била фрлена бомба врз куќата на поп-пејачот Здравко Чолиќ.
Чола се огласи и изјави дека наводно не бил во куќата во моментот на експлозијата.
– Се наоѓам во Загреб, каде ги завршувам последните песни за новиот албум. Во Белград е сè во ред, фала му на Бога што сите се добро – изјавил Здравко Чолиќ.
Тој додал дека дел од медиумските толкувања не ја отсликуваат реалната состојба и апелирал информациите да се пренесуваат одговорно и врз основа на проверени факти, посочувајќи дека истрагата е во тек и се чека полициски извештај.
