Името Ернст Моро најверојатно не им звучи познато на поголемиот дел од денешната младина и тоа поради фактот дека за него не се учи од ниту една книга, филм или учебник. Но лекарите му се восхитуваат на овој педијатар кој бил извонреден специјалист и чија експертиза помогнала да се спасат илјадници бебиња. Имено, неговата практика се уште се користи во медицината.




Роден е во 1874 година во Љубљана, која тогаш била дел од Австро-Унгарската Империја. Ернст студирал во Грац, Австрија. Во 1899 година, тој станал доктор по медицина во САД и Велика Британија, а во 1901 и 1902 година работел со големиот Теодор Ешерих, кој ја открил бактеријата ешерихија коли. Во 1906 година специјализирал педијатрија во Минхен, а две години подоцна станал професор. Во тоа време, педијатријата се развивала како независно поле на медицината а стапката на смртност кај бебињата била многу висока, достигнувајќи дури 25 отсто.




Една од најголемите причини зошто бебињата умирале била дијарејата. Но, овој доктор успеал да спаси илјадници бебиња а неговиот лек истовремено бил едноставен и генијален.
Впрочем, станува збор за рецепт за каша од моркови и со неа овозможил да преживеат многу деца.




Еве го и рецептот:
Педијатарот Ернст Моро со обична супа од моркови им ги спасил животите на милиони деца: Рецепт стар еден век
Потребни состојки:
- 1 кг моркови
- 3 г сол
- 2 л вода
Начин на подготовка:
Еден килограм моркови се чисти и сечка
Морковите се заливаат со литар вода и се зачинуваат со 3 грама сол
Морковите се варат додека содржината не се намали на 1 л




Дури во 2002 година стана јасно дека киселите олигосахариди формирани во оваа супа, кои влегуваат во составот на растворот од моркови, спречуваат бактериите да се врзуваат за цревната слузница. Друга студија откри дека заради лековитите својства супата дури спречува и дијареја предизвикана од бактерии отпорни на антибиотици.




Во принцип, тоа е веќе доволно да се сеќаваме на Ернст Моро и да му бидеме благодарни. Но, тој исто така инсистирал и на стерилизирање на шишиња за бебиња, како и за хранење на бебињата со мајчино млеко, што ги прави децата поотпорни на многу болести (многу подоцна се откри дека децата се заштитени преку мајчините антитела, за разлика од вештачките млека што воопшто не заштитуваат).




Тој, исто така, создал и рецепт за „Моро млеко“ за вештачка исхрана на бебиња. Овој значаен човек ги открил лактобацилите содржани во ферментираните млечни производи и ја покажал нивната предност.




Ернст открил и рефлекс кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, таа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете заедно, стегајќи ги тупаниците.




Ако овој рефлекс не постои, тоа е знак на оштетување или т.н. депресија на централниот нервен систем.
На пример, Моровиот рефлекс или неговото отсуство може да укаже на церебрална парализа. И покрај сите овие откритија, Моро живеел скромно, никогаш не му била дадена заслуга за споменатите откритија. Живеел до 74-годишна возраст, занимавајќи се со педијатрија во приватна пракса.
