вештеникот Драган ја разреши дилемата на многу родители, објаснувајќи кога и на кој начин децата треба да постат ако сакаат да се причестат.
Започна Божиќниот пост, а според свештеникот, децата до седумгодишна возраст можат да се причестат доколку тоа утро пред причест ништо не јадат.
Божиќниот пост започна на 28 ноември и ќе трае до Божиќ, 7 јануари.
Според теолозите, правилата на овој пост се следни: освен среда и петок, секој ден се пости на масло, а риба се јаде за време на викендите и на празникот Воведение. Она што најчесто ги збунува родителите е кога децата треба да започнат со пост, како и на кој начин.
Една верничка токму тоа го прашала на порталот svetosavlje.org, а еве што ѝ одговорил отец Драган:
„Нема строго правило од кога децата треба да постат, но во секое вистински христијанско семејство тоа се решава едноставно – ако постат родителите, постат и децата. Ако се здрави, треба да започнат уште од најрана возраст, но секогаш по совет на духовник.
Секако, малите деца за време на пост треба да добиваат млеко и млечни производи, затоа што им се неопходни за правилен развој. Но, кога мама и тато јадат посна храна, и децата треба да јадат посно. Од најмала возраст треба да се навикнуваат, за подоцна постот да не им биде тежок.“
Свештеникот додава дека малите деца не мора да постат во класичната смисла на зборот – доволно е утрото кога се причестуваат ништо да не јадат.
„Во таа возраст е доволно утрото пред причест да не јадат ништо, и секој свештеник ќе ги причести. Во мојата парохија ги причестувам децата до седум години секоја недела, само да не јадат ништо тој ден претходно. Дури и кога ќе донесат бебиња од неколку месеци, ако се крстени, ги причестувам иако испиле млеко. Христос рекол: ‘Пуштете ги децата при Мене, зашто таквите е Царството небесно’. Малите деца често ги споредуваме со ангели поради нивната чистота,“ пишува отец Драган.
Тој исто така објаснува дека нема потреба родителите да постат „построго“ заради своите деца.
„Ако го воспиташ детето правилно, во христијански дух – тоа е доволно,“ заклучува тој.
