Ако го сакате ајварот, овој лажен ајвар ќе го засакаете уште повеќе, бидејќи се подготвува брзо, а вкусот е фантастичен.
Само за љубителите на ајварот ви носиме рецепт за лажен ајвар што се прави брзо и лесно:
Потребни состојки:
-
1 пиперка
-
3 печени црвени пиперки
-
1/8 лажичка кимион
-
200 г кисела павлака
-
50 г крем-сирење
-
1 лажица лут ајвар
-
1 лажичка лук во прав
-
малку мелена зачинска пиперка
Подготовка:
-
Во сад измешајте мајонез и кисела павлака.
-
Додајте крем-сирење и лук во прав.
-
Пробајте, па доколку е потребно, посолете и додадете зачини по вкус.
-
Умешајте го киминот, а халапењо пиперката ситно исечкајте ја или изрендајте ја.
-
Ако сакате помалку лут вкус, извадете ги семките.
-
-
Измешајте ги сите состојки, па додајте ајвар и печените црвени пиперки што претходно сте ги насекле.
-
Ако сакате намазот да биде покомпактен, искористете рачен блендер.
-
Украсете со алевa пиперка и до сервирањето чувајте во фрижидер.
-
Послужете со свежо сечкано зеленчук или препечен леб.
