Изјавата на премиерот Заев за причините зошто Македонија се уште не ги добила вакцините уште еднаш покажа дека премиерот ни е скаран со логика и доследност во ставовите.
Заев вели дека Србија како земја која не сака да стане членка на НАТО е повеќе отворена за Русија и Кина А Македонија како членка на алијансата е заинтересирана за вакцините од западните производители.




За веднаш потоа да признае дека Фајзер отворила регионално претставништво во земја која не е членка на НАТО со што веднаш ги поби предходните тези.
Според логиката на Заев Фајзер би требало да отвори претставништво во Македонија а не во Србија но реалноста не е таква каква што ја прикажува премиерот.
Инаку за кинески и руски вакцини преговараат и членки на ЕУ и НАТО.
“Заев вели дека земјата како членка на НАТО се држи генерално до западниот свет и вакцините потврдени од тамошните институции, а Србија којашто, вели, нема аспирации за НАТО и нормално е повеќе да е отворена кон источниот свет Кина и Русија и прави договори со нив.




Тој додаде дека централата на „Фајзер“ за Југоисточна Европа е во Белград и затоа српските граѓани добија одредена количина вакцини од оваа компанија. Премиерот рече дека очекува првите 2-3.000 вакцини, од договорените 8.000 дози од српска страна, да стигнат во најскоро време, објаснувајќи дека тоа ќе се оствари откако ќе се добијат потребните одобренија од компанијата”, вели премиерот во контрадикторна изјавата на Заев дадена за емисијата Трилинг која ја пренесува радиото Слободна Европа на Македонски јазик.
