Маринадата му дава на месото сочна и мека текстура.

Вкусот на месото што стоело во оваа маринада ќе ве воодушеви.

Маринадата е тајната состојка за добро подготвено и вкусно месо, без разлика дали го пржите во тава, го печете во рерна или на скара.

Клучно е месото да отстои во подготвената маринада најмалку два до три часа, за да ги впие сите состојки и да биде подготвено за печење. Некои луѓе сакаат да го маринираат месото цела ноќ.

Маринадата му дава на месото сочност и мекост, како и препознатлив вкус, а може да се користи за било кој вид месо.

Состојки за маринада:

  • Масло (маслиново или сончогледово)
  • Црн бибер
  • Алева пиперка
  • Суви зачини
  • Лук
  • Кромид
  • Сол по потреба
  • Магдонос
  • Неколку капки сок од лимон
  • Рузмарин по желба

Подготовка на маринадата:

Месото посолете го или извалкајте го во сув зачин. Во сад ставете ситно сечкан лук, па додајте ги останатите состојки, а кромидот исечете го на кругови. Секое парче месо, од двете страни, кратко потопете го во маринадата и исцедете го вишокот масло.

Парчињата наредете ги во сад и прелијте ги со преостанатата маринада. Покријте го месото со фолија и оставете го во фрижидер да се маринира 2–3 часа.