Последици од короната, некои и со неограничен рок:
Ти се најавуваат гости и одма се прашуваш “овие вакцинирани ли беа или прележаа у пм”

  • Уште стоиш на 2 метри од луѓето во ред на каса
  • По пет саати киснеш марула во лавабо
  • Шубе ти е да јадеш краставица со лушпа
  • На рафтовите брцкаш подлабоко за да земеш производ, помалку луѓе го допреле
  • Дезинфициенс останува за век и векови, во ташна, во џеб, на маса, во кола
  • Се шеташ без маска и се осеќаш ко да си заборавил сукња да облечеш
  • Наочарите ги поднаместуваш да се над маската, а маска немаш
  • Имаш залихи од нови 154 кармини купени во последнава година
  • Излагаш во 21 часот и си викаш, е што ќе искачам сеа, ќе затворат
  • Гостите ти седат најкасно до 23 часот, да не фати полициски
  • Купуваш само производи на кои е нагласено дека се антибактериски, по можност и антивирусни
  • Имаш залихи од вит Ц, цинк, селен, вит Д и бета глукани за уште 2 генерации
  • Кога правиш обична крвна слика, автоматски ти иде да кажеш, и Д димери, ЦРП и антитела ќе ве молам
  • Немаш веќе изговори зошто не можеш да се појавиш на некоја средба
  • Немаш веќе изговор кога сакаш да избегнеш некој да кажеш “лелеее абе не те познав од маската”
  • Никола Пановски го бараш и кога ќе ти протече нос, по навика
  • Ти фали Космонаутко во 6 сабајле, да ти запее