Денеска на својот профил на ФБ Министерот за Економија Бектеши објави слика со мапа како ќе изгледа Тетово со новиот закон за Казина.
Додека го чекаме изгласувањето на Предлог-законот за игри на среќа, во Тетово се повеќе нови казина и обложувалници, обвинуваат од Здружението „Анти Коцкање“. Бараат што поскоро да се донесе законот кој предвидува сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри. Од Здружението АПИС велат дека ваквото законско решение ќе го затвори овој сектор, а без работа ќе останат 10.000 луѓе, претежно млади …
Нема населба во Тетово каде нема спортска обложувалница или казино, велат од здружението „Анти Коцкање“. Се отвораат покрај училишта, градинки факултети.
Велат дека со изгласувањето на Предлог-законот за игри на среќа, коцкањето ќе се оддалечи од децата. Законот е поминат во собраниските комисии. Останува уште пратениците да гласаат за него.
Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, истакнаа дека се подготвени да разговараат за нови законски решенија, но постоечкиот Предлог-закон за игри на среќа, ќе стави клуч на објектите и многу луѓе ќе останат без работа.
Објектите каде се приредуваат игри на среќа мора да бидат подалеку од децата, посочуваат психолозите. Во недостиг на објекти од спортски и културен карактер во градот, децаат бегаат од реалноста и најчесто завршуваат во казина и обложувалници.
Новиот Предлог-законот за игри на среќа, предвидува казината и обложувалниците, да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри.

